PSA го одобри спојувањето со FCA

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на октомври се појавија првите пишувања околу спојувањето на PSA Групацијата со FCA. Сега, по нешто повеќе од еден месец, управниот одбор на PSA Групација процедурално го одобри спојувањето.

Оваа вест ја пренесе Блумберг, меѓутоа се уште нема официјално соопштение од најголемиот француски производител за оваа одлука.

Следниот чекор за конечното спојување е одобрување на спојувањето и од страна на акционерите на FCA со што следи купување на акциите на FCA од страна на PSA и официјализирање на спојувањето.

По истото, ќе се формира четвртиот најголем производител на светот чие седиште ќе биде во Холандија, а акциите ќе може да се тргуваат во Париз, Милано и Њујорк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK