Ferrari го претстави болидот за новата сезона на Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari е најновиот Формула 1 тим кој во пресрет на новата сезона го претстави болидот. Тоа е болид кој ја носи ознаката SF21, а кој е наследник на SF90, а кој ја користи SF1000 шасијата која дебитираше на минатогодишната трка за големата награда на Австрија.

Располага со 1,6 литарски V6 мотор, а доаѓа со Pirelli гуми. Дизајнот е дело на Симоне Реста и Енрико Кардиле, а во развојот на истиот учествуваа и Фабрио Монтеки и Давид Санчез.

На он-лајн промоцијата учествуваа и Чарлс Леклерк и Карлос Саинц кој ќе седнат зад воланот на овој болид. Првата трка која ќе ја возат ќе биде онаа на 28 март која се вози во Сахир, за големата награда на Бахреин.

Токму овие возачи ќе имаат големаа одговорност за враќање на Ferrari на старите добри времиња откако минатата сезона доживеа вистински дебакл. За потсетување, во конкуренција на конструктори, Ferrari заврши на позицијата број 6 од вкупно 10 конструктори со освоени 131 поен што е за 442 помалку од првопласираниот Mercedes.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK