Една од најстарите манифестации во Македонија, Националниот избор за Автомобил на годината годинава по 25-ти пат ќе го избере „Автомобилот на годината“. Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов што во сите досегашни збори го добива победник, а изработено токму за Националниот Избор на Автомобил на годината во Македонија.
Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2020 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето:
BMW 1
Kia XCeed
Mazda 3
Opel Corsa
Ssang Yong Korando
Toyota RAV 4
Според однапред утврдената динамика следуваат деталните запознавања со финалистите, а прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари 2020 година.
Победникот на Изборот ќе биде прогласен во средината на февруари 2020 година, а претходно ќе следуваат и финалните тестирања и традиционалните дружења на финалистите и Националното Жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија.
Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.