Подигнато обвинение против поранешниот шеф на Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот шеф на Audi, Руперт Штадлер доби обвинение од страна на германското обвинителство поврзано со скандалот за Дизелгејт.

Обвинителството во Минхен против него и уште три други вработени во Audi чии имиња не се откриваат се теретат дека имале клучно влијание врз воведување на софтверот за манипулација со штетните емисиони гасови.

Поточно, осомничените се сомничат дека развиле мотори со сензори и софтвер кој детектира кога возилото се тестира за издувни гасови. Во тој момент софтверски се прилагодува возилото да испушти онолку штетни гасови колку што е доволно за да добие зелено светло.

Овој скандал иако сеуште не е завршен е најголемиот во историјата на автомобилизмот што ја чинеше германската компанија неколку милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK