Минатата година, групацијата Volkswagen продаде рекордни 10,83 милиони патнички автомобили, или 0,9 отсто повеќе од претходната година. Со тоа повторно се искачи на првото место како најпродаван бренд во светот.
Најголемите конкуренти Toyota и Renault-Nissan-Mitsubishi сè уште не ги објавија комплетни податоци за вкупната продажба во 2018 година. Во 2017 година, француско-јапонската алијанса продаде 10,6 милиони автомобили, а во првата половина од минатата година 5,54 милиони.
Toyota објави дека проценка на вкупна продажба на околу 10,55 милиони автомобили во светот минатата година, но сé уште не ги потврди овие бројки.
Volkswagen минатата година испорача 6,24 милиони возила, додека луксузните брендови Audi и Porsche продале 1,81 милион возила и 256.000 возила.
Audi на тој начин стана третиот најпродаван луксузен бренд зад BMW, кој испорача 2,12 милиони луксузни лични автомобили, 1,8 отсто повеќе отколку во 2017 година, а водечки e Mercedes-Benz која продаде 2,31 милиони луксузни автомобили.
Вкупната продажба на BMW минатата година се зголеми за 1,1 отсто, на вкупно 2,5 милиони возила, а компанијата очекува бавен раст на продажбата оваа година, според пишувањето на бизнис порталите.