Новиот Ford Focus ќе ги гледа дупките на патот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Моделите на Ford, Mondeo, Galaxy и S-Max во Европа и Fusio и Expedition во САД беа ставени на тест за електронската заштита на дупки на аптот. Сега истиот систем се става и кај моделите на Ford Focus од четвртата генерација. Функцијата е заложена во архитектурата на новата адаптивна платформа CCD и ќе биде достапна кај новиот Focus како опција.

Луѓето од компанијата велат дека системот е испитуван кај дупки со најразличен размер и тип каде оставале топчиња за пинг понг. Тестовите покажале дека малите целулоидни топчиња останувале нечепнати после преминувањето на автомобилот со платформата CCD низ дупката.

Детекторот CCD испитува на секои две милисекунди со своите 15 сензори. Ако се земе предвид наглото пропаѓање на тркалото во дупката, тогаш неопходниот пресек на хидрауличните вентили на амортизацијата во миг се намалува до минимум. Ова го скратува темпото на тркалото остро и едноставно не успева да стигне до дното на јамата.

Тркалото се удира и има слабо влијание на работ од дупката кога се исклучува. Тоа ги зачувува тркалата од изобличување, а суспензијата од оштетувања и штеди нерви на сопственикот на автомобилот, правејќи го новиот глобален Focus уште попривлечен за купувачите.

Новата генерација на Focus оди во варијанта со пет врати како хечбек, комби и седан. Се работи за неколку верзии како Vignale, спортската ST-Line, Titanium и Active. Движечката гама обезбедува моќност од 85 до 150 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK