Белорусин со економичен изум: Направи теренец кој вози на дрва

ОБЈАВЕНО НА:

Ако немате многу пари, а сакате да возите често тогаш не мора да плаќате големи суми бидејќи можете можете да ја искористите природата за да го придвижите вашиот „теренец“.

Стариот руски (советски) теренец UAZ-469 може да помине и низ навистина непристапните терени, а одржувањето изгледа релативно едноставно. Сепак, како и сите возила неопходно му е гориво за да може да стигне таму каде што имате замислено.

На ограничените простори, тоа и не претставува некој проблем, но кога се работи за големите простори низ поранешниот СССР, тоа знае да биде многу исцрпувачки, па горивотот нема да би биде потребно само заради возење туку и при греење доколку налетата на снежна виулица или може да би притреба за да тргнете некое паднато дрво на патот.

Затоа, Сергеј од Белорусија одлучи да најде некое алтернативно решение бидејќи како што вели место да се плаќа огромна цена за бензин, горивото го има насекаде околу нас. Тој дојде на идеја UAZ-469  да го преправи и возилото да користи дрва како погон.

Во задниот дел од возилото направил специјални „бојлери“ од стари буриња каде што во еден се уфрлаат дрвата, а другиот во кој согоруваат произведува енергија која е доволна за да го придвижи возилото во реални услови.

Возилото троши околу 20 килограми дрва на секои 100 километри што и нее е така лошо. А кога ќе снема „гориво“ доволно е само да застане, да „нацепи“ десетина килограми дрва и патуваето може да продолжи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK