(Видео): Дедо купил Tesla за да не ги вознемири пчелите

Неодамна пензионер предизвика бура од реакции во Украина откако беше снимен како продава мед од багажникот на Tesla Model S на метро-станица во Киев. Дедото кој има 82-години бил член на Украинската академија на науки, кој го купил електромобилот за да не ги вознемирува пчелите.

И не само тој, туку и ензионерка од Украина стана ѕвезда на YouTube откако беше „уловена“ како пазари со својот Mercedes-Benz G-Klasse во Днипро.
На снимката може да се забележи како бабата излегува од продавницата и ги сместува на задното седиште работите коишто ги има купено, после што седнува зад воланот.