Трамп реши: Нема возење Mercedes во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Доналд Трамп е повеќе од решен да го блокира увозот на луксузни автомобили од Европа. Ова наводно му го соопштил и на францускиот претседател Емануел Макрон при минато месечната посета на Белата Куќа. Трамп му рекол дека останува решен во пракса да ја спроведе новата трковска политика се додека нови модели на Mercedes нема да се возат по 5-та авенија во Њујорк.

Минатата недела Трамп ја советуваше неговата администрација да разгледа било какви потенцијално штетни ефекти од увозот на странски автомобили и како сѐ тој увоз може да влијае врз американската автомобилска индустрија. Трамп при тоа наложил да се испитаа евентуалното донесување дополнителна увозна давачка од 25% за увоз на европските автомобили.

Воведувањето на оваа дополнителна тарифа има за цел да индиректно да ги откаже германските премиум производители од извозот во САД, а и доколку продолжи извозот тоа ќе значи дека германските (и останатите европски) автомобили ќе бидат поскапи за 25% со што би ја изгубиле ценовната конкурентноста.

“Кога ќе стигнете до 5-та Авенија секој има Mercedes-Benz пред нивната канцеларија, стан, куќа. Но колку Chevrolet автомобили гледате во Германија? Не многу, а можеби воопшто” наведно рекол Трамп при одлуката за воведување на увозни давачки за германските производители.

Инаку ова не е прв пат европските автопроизводители да се под штетно влијание на Трамп и неговата администрација. Претходно сите европски автопроизводители беа уценети дека доколку и понатаму ја соработуваат со Иран ќе подлегнат на санкции.