Драма во САД: И скапите коли може лесно да се запалат (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini Huracan Performante се запали на бензинска пумпа во САД додека неговиот сопственик го плаќал горивото. Како што кажуваат очевидците, пожарот избил одненадеж, а како што откриваат камерите на бензинската пума пожарот го предизвикал невнимателен возач кој откако наточил гориво, не го вратил цревото во апаратот по што го стартувал возилото и откинал цревото.

По ова започнало да прска гориво кое во најголем дел завршило  врз задниот дел од автомобилот каде што се наоѓа моторот.

Пожарникарите иако стигнале веднаш сепак не успеале да го спасат спортскиот автомобил кој изгоре во целост. Сепак тие спречија поголема трагедија откако го изолираа пожарот и спречија ширење на останатиот дел од бензинската пумпа.

Сопственикот на овој Huracan заедно со уште неколку други колеги во моментот на настанот учествувале на т.н. Goldrush ревијално рели кое традиционално се одржува секоја година, а се вози низ САД.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK