Дедо вози на трките во NASCAR (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Херл Мекгриф кој се натпреварува на професионално ниво повеќе од 70 години нема намера да се повлече туку останува активен иако веќе има 90 години. Тој е роден во 1927 година на 14 септември, а ќе го управува автомобилот со број 4 – South Point Hotel & Casino Toyota на тимот Бил Меканли Рејсинг во серијата NASCAR K&N Pro Series West event на пистата Tucson Speedway во Аризона.

Се работи за вистинска легенда зад воланот кој првпат се појави на трките во 1954 година, а досега има 35 победи, 37 пол позиции… за време на 266 учества на трките. Последната победа ја има забележано на возраст од 61 година, со што уште го држи рекордот за највозрасен победник.

Последното натпреварување го има во 2012 година на пистата Sonoma Raceway, а во 1976 и 1982 година има возено на трката 24 часа Ле Ман.

„Кој ќе стартува со автомобилот на K&N погдотвен од Bill McAnally Racing?”, си постави самиот МекГриф прашање за време на интервју поврзано со неготото учество на возраст од 90 години.

„Кога ќе ја ставам кацигата на глава нема да знаат кој е на стартот. Тие нема да знаат дали имам 90 или 22 години. Ќе се чудат кој бил во возилото на крајот од натпреварувањето“, вели Мекгриф.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK