Audi RSQ се појави во анимираниот филм “Spies In Disguise” (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Не на улиците како што вљубениците на Audi очекуваа, концептот RSQ ќе дебитира во анимиранит филм “Spies In Disguise” следната година.

Премиерата на овој анимиран филм кој е режиран од страна на Ник Бруно и Трој Кван требаше да се одржи на 18 јануари следната година, но датумот е поместен за 13 септември. Во овој филм гласовите ги позајмуваат Вил Смит, Том Холанд, Рашида Џонс, Карен Жилан и други.

Овој подзаборавен концепт дело на Јулиан Хених е премиерно претставен во 2004 година. Иако се очекуваше брза комерцијализација на овој футуристички автомобил, сепак тоа до денес не се случи, а германските медиуми пишуваат дека истиот би можел да се појави со малку поизменет екстериер во наредниот период кога германскиот производител ќе претстави неколку електрични автомобили.