Над 70 компании заедно го развиваат клучот на иднината

ОБЈАВЕНО НА:

Започнува развојот на нов дигитален клуч за автомобилите, а неговата спецификација треба да обезбеди безбедно отклучување и стартување на возилото на многу едноставен начин. За таа цел над 70 компании ширум светот, меѓу кои Apple, LG, Samsung, Panasonic, Audi, GM, BMW, Hyundai, NXP, Qualcomm, Volkswagen и други, ги здружија своите сили и својот интелектуален капитал во новиот конзорциум наречен CCC (Car Connectivity Consortium).

Дигиталниот сертификат Release 1.0 кој ќе се развива во рамките на овој Конзорциум треба да обезбеди генерализиран начин на функционирање кој ќе овозможува безбеден начин на користење на дигиталниот клуч преку паметните уреди. При тоа ќе се искористи актуелната информациона инфраструктура TSM (Trusted Service Manager) која користи NFC ограничување и директна врска со сигурносни елементи на уредот.

Главна задача на CCC ќе биде унифицирање на стандардите за дигитален клу, континуиран унапредување на безбедноста и сигурноста и развој на пропратните лементи кои ќе ги исполнат овие цели.

Во моментов, BMW веќе неколку години користи сличен ваков клуч со дигитален дисплеј, но неговата понудата е ограничена на само неколку модели. Покрај вообичаените функции, овој клуч овозможува идентификација на возилото, поседува 2.2 инчен LCD дисплеи на кои се прикажани информации околу нивото на гориво, автономијата и слично.