(Видео): За нив нема пречки: Руски мотоцикли со приколка како од шега минуваат река

Кога ќе слушнете дека само 3 отсто од произведените мотоцикли се продадени во Русија, а другите во земјите од ЕУ, САД, Канада и Австралија тогаш сигурно се прашувате која е таа марка? Се работи за „Урал“ – единствената руска марка на тежок мотоцикл што настанал во Советскиот Сојуз.

Садам Хусеин во 2002 година нарача 2000 „Урали“ со приколка за своите мобилни воени единици? Макар што мотоциклите официјално беа продадени на ирачките министерства за здравство и земјоделие. И има и зошто бил многу баран. За нив нема пречка што неможе да се мине. Па дури и ако станува збор за река.

Видеото тоа најдобро го покажува.
Се произведува во Ирбитската фабрика за мотоцикли (ИМЗ) отворена 1942 година во градот Ирбит (30000 жители), во Свердловската област на границата меѓу Европа и Азија.

Штета што малкумина знаат за овој мотоцикл, а уште помалку сакаат да го имаат. А тој е вистински пријател на човекот.