(Видео) Како Porsche ја претстави Хрватска и Rimac

Porsche ги освои симпатиите на Хрватите откако објави кратко, две минутно видео на својот YouTube канал.

Станува збор за видео снимано во Хрватска, каде централен дел зазема градот Загреб и брегот на Јадранското море како и Rimac Automobili.

Токму првиот човек на овој производител, Мате Римац е и нараторот на видеото кое ги прикажува природните убавини на оваа земја, архитектурата на Загреб како и кулинарството.

Porsche објави слични видеа за Шпанија, Германија, Австрија, Унгарија и Централните Алпи.