(Видео): Како е зад воланот на Bentley Flying Spur?

Како е да се седне зад воланот на Bentley Flying Spur V8? Чувството, адреналинот. Тоа се обиде да ни го долови AutoTopNL во своето најново видео.

Како и сите останати видеа на овој YouTube канал, и ова е снимено на германски автопат без лимитираност на максималната брзина на движење, а целта е да се постигне максималната брзина.

Звукот е импресивен, а за тоа се грижи 4,0 литарскиот BiTurbo мотор кој продуцира 550 КС. Благодарение на истиот, до стотка овој автомобил забрзува за само 4,1 секунда, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 318 км/ч.

Видеото може да го погледнете во продолжение.