Границите се отворија за патувања: Кои се казните за сообраќајни прекршоци во Грција?

ОБЈАВЕНО НА:

Грција секогашп во летниот период е интересна дестинација за нашите граѓани. Со отварањето на границите сигурно е дека многумина ќе се решат да минат некој викенд или одмор кај нашиот јужен сосед. Се разбира за влез е потребно да имате одредени документи кои ќе ви ги побараат на граница, и се разбира сертификатот за вакцинација, ПЦР тест или за прележан ковид-19. Но, секако треба да внимавате и во сообраќајот. Казните во Грција воопшто не се мали.

Најважно е да не паркирате каде ќе посакате бидејќи полицијата во Грција знае да ги одзема регистерските таблички и сообраќајни дозволи, и тоа до 60 дена. Затоа внимавајте каде паркирате, и немојте да помислите дека „само за 5 минути“ секаде поминува.
Кога се метежи на автопатиштата често посакувате да возите по крајната десна лента (која е за застанување). Е тоа навистина ги лути полицајците и немојте да го практикувате. Со некоја минута секако ќе стигнете до посакуваната дестинација.

Внимавајте ако патувате со деца. Тие задолжително треба да користат детски седишта, за оние со старост до 3 години. За деца од 3 до 11 години, и пониски од 135 см.на задно седиште со посебно седиште. Постари од 12 години и повисоки од 135 см. можат да користат ремени.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
КАЗНИ
*пречекорување на брзина до 30 км/ч. во населено место – 100 евра.
* минување на црвено светло – до 700 евра
* престигнување на полна линија – до 700 евра
* некористење на безбедносен појас – 350 евра

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 евра

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛОТО
* рефлектирачки елек
* ПП апарат
* триаголник
* резервно тркало и сет за лепење
* јаже за влечење
* комплет за прва помош
* комплет резервни сијалички

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK