Од валкани возила до уметнички дела

ОБЈАВЕНО НА:

Колку пати сте сретнале возило кое е толку валкано, што на прозорот сте го виделе натписот „газда измиј ме“, или некоја друга реченица со цел да го опоменете сопственикот дека треба да работи на хигиената на својот миленик.

Од друга страна, и полицијата може да реагира и да ве казни доколку во сообраќајот користите премногу валкано возило.

Но, за Русите тоа е само мотив да ја покажат сопствената креативност. Рускиот илустратор Никита Голубјев токму од овие валкани возила знае д анаправи уметнички дела. Штета што истите траат додека возилото не добие млаз вода.

На улиците на Москва многу возила што биле валкани, а го минале неговиот третман изгледале феноменално. Дури да ти биде мака истите да бидат исчистени. Сопствениците често не сакаат истите да ги измијат, па чекаат да падне дожд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK