За неплаќање патарина казна до 1.300 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Обидот да не се плати патарина или користење на тунел во иднина ќе ги чини возачите во Хрватска казна од 270 до 1.300 евра. Толку се казните предвидени со закон, а полицијата најавува построги контроли и казни за оние што ќе се обидат тоа да го сторат.

Според анализите направени последните три години на патиштата во Хрватска имало 3.483 возачи што успеале да се „протнат“ и да не платат. Најголемиот дел го искористиле возилото пред себе и успеале да избегнат плаќање, пред да се спушти рампата. Имало случаеви кога рампата едноставно била бутната и истите возила си продолжиле без да застанат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK