VW со нова цел: Уште повеќе да штеди и да ја заштитува околината

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од планот за заштита на човековата околина Volkswagen направи редефинирање на сопствените планови и си постави уште построги критериуми што треба да ги исполни

Компанијата објави дека нивниот таргет за намалување на емисијата на CO2, енергијата и потрошувачката на вода, отпадот и емисијата на отпадни води за 45 отсто, наместо досегашната цел од 25 отсто и тоа до 2025 година. Целта за исполнување се резултатите што биле во 2010 година.

„Го постигнавме нашиот таргет за заштита на околината при одржливо производство на автомобилите за 25 отсто и тоа пред рокот, 2018 година, изјави Томас Улбрих, член на бордот на директори. „Сега планираме да го намалиме влијанието на околината за дополнителни 20 отсто, до 2025 година. На пат сме да направиме оптимизација на ресурсите на сите локации во нашиот бренд“.

Програмата на компанијата за заштита на околината се нарекува „Think Blue.Factory“ и вклучува 5.300 имплементирани мерки за намалување на емисијата и користење на ресусрсите поефикасно.

VW веќе оптимизираше 16 комори за боење каде се користи 15 отсто помалку енергија. На осум интернационални локации веќе се користи 100 отсто од нивните потреби за енергија од обновливи ресурси откако е почната оваа програма.

Тоа значи дека VW сега користи 1,14 м3 вода помалку отколку во 2010 година при произвoдство на Golf, што е намалување за 27,5 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK