VW Taigo повторно фатен без маска

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на почетокот на мај беше фатен паркиран во Шпанија, новиот кросовер на VW, Taigo повторно е фатен без маска и тоа во движење на улиците во Германија.

Со последните фотографии надминати се сите тајни околу изгледот. Taigo е идентичен како и својот близнак Nivus кој веќе е во слободна продажба во земјите од Јужна Америка.

Од претходно е познато дека  MQB A0 платформата. Должината изнесува 4,266 мм, меѓуоскиното растојание 2.566 мм, а капацитетот на багажниот простор 415 литри. Бројни популарни сајтови за автомобилизам пишуваат дека овој модел ќе дојде со 1,0 литарскиот трицилиндрен мотор кој продуцира 114 КС.

Засега останува непознаница датумот на промоција и почетната цена. Продажбата ќе стартува кон крајот на летото, а овој модел ќе се произведува во Памплона, Шпанија..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK