Официјално: Вака изгледа внатрешноста на новиот Seat Leon

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата на новата генерација на моделот Leon, на интернет полека, но сигурно се открива мистичноста поврзана со овој модел.

Откако пред само некоја недела се појавија првите фотографии од маскираниот автомобил за време на тестирање, сега, на интернет се појави и првата фотографија од внатрешноста на автомобилот.

Од она што може да се забележи е дека истата е слична како и внатрешноста на Skoda Scala, со централно поставен екран осетлив на допир (најверојатно 8 инчен). Под него се отворите од клима уредот по што следи складиштен простор.

Инаку од претходно е познато и дека овој модел се базира на MQB платформата, а покрај основните бензински и дизелски мотори, во понуда ќе се најде и во хибридна и електрична изведба која ќе биде лансирана година-две по премиерата на основниот модел.

Премиерата на моделот се очекува во следните неколку месеци, најверојатно на саемот во Франкфурт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK