Во Мадрид забрането возење автомобили произведени пред 2006

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанците први донесоа конкретни мерки за намалување на загадувањето, но истовремено и да се забрза замената на старите возила. Градската управа објави план за забрана на најстарите автомобили во центарот на главниот град на Шпанија од 2025 година. За реализација на овој план ќе се издвојат околу 544 милиони евра, и ќе се финансираат проеkти кои ќе потикнат употреба на обновлива енергија.

Градот ќе забрани и користење на автомобилите со бензински мотори регистрирани пред 2000 година, а со дизелски мотори пред 2006 година. Во моментов тоа се 20 отсто од вкупниот број на возила.

Се проценува дека ваквата забрана ќе влијае на намалување на нивото на азотен оксид за околу 15 отсто. Тоа е отворен гас што предизвикува респираторни проблеми.
Мдрид не успеа да ги задоволи нормите за квалитет на воздух во ЕУ во последните осум години. И други големи градови како Париз и Берлин веќе имаат воведено слични мерки за намалување на загадувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK