Mercedes и Audi се спремаат за продолжување на производството во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

И Mercedes и Audi, се надеваат дека ќе го продолжат производството во нивните европски погони пред крајот на месецот, иако сето тоа зависи од тоа како ќе бидат пандемиските контрамерки за неколку недели.
Mercedes прво треба да ги отвори погоните за производство на мотори се вели во соопштение на матичната компанија Daimler. Планот е да се создае снабдување со клучни делови за реалните постројки за склопување возила, пренесува Autonews Europe.

Имајќи го ова предвид, фабриките за производство на автомобили и неговите постројки за батерии „Каменц ЕВ“ ќе започнат да го зголемуваат производството на 20 април, проследено со рестартирање на производството во фабриките за автомобили на Mercedes во Синделфинген и Бремен. За време на застојот, овие постројки првично ќе работат во еднa смена.

Во меѓувреме, портпарол на Mercedes изјави дека производството во Синделфинген, каде се произведуваат Е-Class и С-Class, а во fabrikata vo Бремен (C-Class, GLC, EQC), можеби нема да започне одново до 27 април.

Плановите на Audi се слични во смисла на тоа што нејзината фабрика во Инголштат (каде се произведуваат моделите Q2, А3, А4 и А5) ќе го започне производството на 27 април, исто така. Исто така, пред тоа да се случи, компанијата ќе го продолжи производството во својата фабрика во Ѓер, Унгарија, со цел да нарави снабдување за другите производствени погони.

Ѓер е една од најголемите светски фабрики за мотори и има произведено помалку од 1,97 милиони мотори минатата година за Audi, како и други брендови на VW Group. Покрај електричните мотори, таму беа направени и пет бензински и три дизел единици, со излезни моќност од 86 КС до 639 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK