Tоyоtа и Subаru на 5 април промовираат заеднички модел

ОБЈАВЕНО НА:

Интересен тизер се појави на профилот на Subaru на социјалните мрежи. Фотографијата на која се гледаат амблемите на двете компании на син и црвен автомобил со краток текст откриват информација за премиерата на новиот модел на почетокот на април.

Во проектот е вклучен и спортскиот дел на Tоyоtа – Gаzоо Rасing, кој најавува дека ќе биде виден спортски модел. Во текот на минатата година, Subaru ја претстави новата генерација BRZ, a oд Tоyоtа сè уште не ја имаат покажано втората генерација на GT86, која двете компании ја развиваат заедно.

Собирајќи два и два, тоа не е тешко да се сфати дека ова најверојатно ќе биде и моделот кој ќе биде претставен на 5 април.

Засега не се споменуваат повеќе детали, но е многу веројатно дека ќе биде виден истиот 2.4-литарски боксер со моќност од 228 коњски сили и максимален вртежен момент од 249 њутни, кои ги користат од Subaru. Со сигурност ќе биде виден заден погон и лесно изменет надворешен изглед.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK