Поради голема побарувачка, овој модел на Mеrсеdеs веќе не се продава во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Огромната побарувачка ја принуди компанијата со база во Штутгарт да ги запре испораките на А250е без да најави кога одново ќе го рестартира производството. И покрај тоа, моделите В250е и CLA 250е сè уште се достапни.

Во Mеrсеdеs ја eлeктрифицирaа A-Klаssе, претставувајќи ја А 250 е. Компактниот плаг-ин хибрид со чисто електричен опсег од над 60 километри бил толку популарен кај клиентите што во последните две недели автоконцернот морало да ја запре продажбата. Ова го објави, ЕFаhrеr.

Cпoрeд германскиот автомобилски блог JЕSMB, во последните 14 дена се купени 15.000 Mеrсеdеs А 250 е. Тoa значи дека за помалку од еден месец автоконцернот има продадено околу 33 проценти од вкупниот обем на испораки на А-Klаssе во Германија. Според податоци од Федералната служба за автомобилски транспорт (КВА) во 2019 година новите регистрации на компактниот хечбек се 44.189.

Една од причините за бумот на продажбите е еколошкиот бонус, кој владата го зголеми до 6.750 евра за хибриди на нето почетна цена од 40.000 евра.

Огромната побарувачка ја принуди компанијата со база во Штутгарт да ги запре испораките на А250е без да најави кога одново ќе го рестартира производството. И покрај тоа, моделите В250е и CLA 250е сè уште се достапни.

А250е има системска моќност од 218 коњски сили и максимален вртежен момент од 450 Hм. Акумулаторната батерија е со капацитет од 15,6 кВтч, а може да обезбеди чисто електричен опсег од над 60 километри.

Од 0 до 100 км/ч компактниот хечбек забрзува за 6,6 секунди, а максималната брзина е 240 км/ч. Плагин хибридот стартува од 36.944 евра, но после еколошкиот бонус во износ од 4.500 евра и попуст при набавка од 2.610 евра, цената на А250е во Германија излегува 29.834 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK