Чувајте се од вируси: Каде аеродромот е највалкан и полн со бактерии

ОБЈАВЕНО НА:

Патувањето со авион е најбрзиот начин, и се повеќе се користи. Но, тогаш сме во контакт со многу непознати луѓе, патуваме заедно во затворен простор и често изложени на различни бактерии. Ако сакаме да бидеме подалеку од изворот на бактерии некогаш решаваме да не ги користиме тоалетите во авионите. Но, дали се тие најголемиот извор на бактерии?

Научно истражување на аеродромот во Хелсинки во Финска открива дека корпите за багажот на лентите за безбедност се најризичeн извор на бактерии. Истражувањето, спроведено во BMC Infectious Diseases, истражуваle 40 површини и земаle воздушни примероци во неколку различни случаи на респираторни заболувања, како настинки и грип.

Површините кои се чистат на рутинска основа, како капците на тоалетите, всушност имале прилично низок број респираторни вируси утврдиле истражувачите. Сепак, тие не ги тестирале болестите што се пренесуваат со храна.

Аеродромите се важни точки за јавното здравство, бидејќи таму се случуваат контакти меѓу многу различни луѓе од целиот свет. Но, се чини дека малку се прави за следење на ширењето на болести и инфекции. Авторите тврдат дека ова е само втората студија за респираторни вируси за кои знаат.

Решението за проблемот со вирусите на аеродоромите досега не е изненадувачки. “Многу детергенти, домашни (антибактериски) марамчиња и антивирусни  се во состојба брзо да го направат грипот неспособен, нудејќи можност за намалување на ризикот од пренос”, велат научниците.

Родителите ќе се изненадат дека друго нешто на аеродромот, каде се откриени многу вируси, понекогаш повеќе од оние по корпите за багажот, се пластичните играчки на игралиштата.

Затоа, патувајте без рачен багаж, и не дозволувајте децата да играат многу на отворените игралишта додека чекате.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK