Најубав автомобил на годината: Полуфиналистите за 2017 година се…

ОБЈАВЕНО НА:

Конкурсот за најубав автомобил на 2017 година е во завршницата и веќе се познати возилата коишто се најдоа во полуфиналето. Во четврт-финалната битка беа возилата: Alpine A110, Volvo XC60, DS7 Crossback, Jaguar E-Pace, Mazda MX-5 RF и BMW X2. Жирито одлучи моделите на Jaguar и Mazda да ја завршат трката за место во финалето.

Завршната фаза на конкурсот ќе биде од 8 до 21 јануари, а ќе може да се гласа за фаворитот преку интернет. Победникот ќе биде објавен официјално на на 30 јануари.

Мината година наградата за најубав автомобил замина кај Alfa Romeo Giulia додека година претходно автомобилот Renault Talisman се најде пред конкуренцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK