Годишно умираат по 4.500 луѓе од лошите дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Според едно истражување 4.560 случаи на предвремена смрт годишно се регистрирани во Европа што се должат на тоа дека дизел автомобили испуштаат повеќе штетни гасови отколку што се тврди, пишува агенцијата Асошиетед прес

Резултатите од истражувањето се објавени две години откако Volkswagen беше фатен да манипулира со резултатите од штетните емисии кај дизелските модели во САД.

Издувните ситни честички се опасни за човековото здравје и придонесуваат за 425.000 случаи на предвремена смрт годишно поради загадувањето на воздухот во ЕУ, Норвешка и Швајцарија. Научниците пресметале дека процентот на смртни случаи од прекумерно ниво на штетни гасови од дизел автомобили како дел од целата бројка е 4.560 годишно.

Ризикот е поголем во области со висока концентрација на дизел автомобили како Северна Италија, предупредуваат истражувачите од австрискиот Меѓународен институт за апликативна системска анализа, Норвешкиот метеоролошки институт и Техничкиот универзитет “Чалмерс”.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK