Кен Блок има ново рели возило (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Рели возачот, Кен Блок се пофали со својот нов автомобил, Ford RS200 Evo, модел од кој се произведени само 200 единици за хомологација на автомобилот од легендарната Група Б. Подоцна 24 од нив се модифицирани во помошни верзии, означени со името Evolution.

Автомобилот на Блок има четирицилиндричен турбо мотор со 2,4 литри и моќност од 700 коњски сили. За споредба RS200 се карактерисира со мотор од 1,8 литри и 250 коња. Тркачката варијанта на овој агрегат може да развие од 350 до 450 коњски сили.

Ford разработува и мотор со 2,1 литар, кој генерира од 550 до 815 коњски сили во зависност од деловите и притисокот на турбокомпресорот. Најмоќниот RS200 Evo достигнува од 0 до 97 километри на час за само 2,1 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK