FIAT го оживеа Елвис Присли (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За маркетинг потребите за новата генерација од моделот Strada, FIAT го “оживеа” кралот на рокенролот, Елвис Присли. Станува збор за реклама на FIAT која веќе е пуштена во оптек во Бразил, а се однесува за втората генерација од Strada.

Покрај Strada, главна ѕвезда во рекламата е Елвис Присли кој денес да би бил жив би имал 85 години. Визуелниот лик на Присли е со позадинска придружба на легендарната негова песна “Blue Suede Shoes”.

Рекламата можете да ја погледнете во продолжение.

Инаку Strada е доста популарен пикап во Бразил. Во својата категорија е едно од најпродаваните возила. Во понудата за прв пат е воведен во 1996 година, а првичниот дизајн е дело на Џорџето Џуџаро.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK