Иџе се враќа на трките во Македонија – потврди присуство на една

ОБЈАВЕНО НА:

Најдобриот возач во Македонија, и двоен европски првак на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе потврди дека сезонава ќе се појави на речиси сите трки во Македонија, а на најмалку една и ќе биде учесник. На промоцијата на возилото и објавување на плановите за сезонава Стефановски потврди дека најмалку на една трка ќе седне за управувачот и тоа како тркач.

„Сигурно дека ќе бидам на трките во Македонија. Нормално, ќе бидам како промотор и ќе возам пред трките бидејќи сепка овој автомобил е премногу скап. Но, ако имам време и не се поклопи тајмингот со некоја моја друга активност ќе возам на трката на Ушче во Белград. Сакам да се тркам бидејќи таму ќе има и други слични возила како моите подготвени з аовие ТЦР трки, изјави Стефановски.

Во календарот за 2019 година на Автомобилистичката федерација на Македонија планирано е една кружна трка да се вози во Србија. Тимот на Стефановски што е основан од Игор Стефановски – Иџе првпат годинава ќе има и други возачи што ќе возат во домашното првенство, со што ја покажуваат сериозноста на тимот.

Тој викендов настапуваше на трките од ТЦР првенството на Италија на кружни патеки. Неговите планови беа да вози во ТЦР серијата во Европа на ридски патеки. Но, откако стартот на таа серија е одложен за 2020 година и неговите планови се сменија. Сега ќе настапува на трките во ТЦР првенството во Италија, но и на некои други трки.

И сезонава ќе се натпреварува со возилото Hyundai i30 N со кое и лани возеше.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK