Казни до 5.000 евра за немање зимски гуми!

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата е период кога многумина решаваат да заминат на скијање надвор од државата. Некои во соседството, а некои и малку подалеку со цел да имаат и поквалитетни патеки. Но, патувањето станува се порелано, и почесто.
Доколку решите да заминете од Македонија во зима, треба да знаете дека постојат земји во регионот каде нема да можете да возите доколку немате зимски гуми на автомобилот. Генерално, колку одите по на север толку се постриктни во примената на овие закони и сте принудени да ги следите нивните прописи. Може да бидете казнети, парично или пак да бидете исклучени од сообраќај. Па ќе морате да купите таму зимски гуми кои се сигурно поскапи отколку во Македонија.

Во Европа не постојат единствени правила за задолжителна зимска опрема, бидејќи во некои земји со закон е пропишано патничките возила да имаат зимски гуми, додека во други тоа не е случај.

Можете да минете и без казни, но доколку се случи несреќа и вие сте вклучени, и се утврди дека сте возеле без зимски гуми тогаш казната може да биде и до 5.000 евра.

Како е во соседството:
Албанија – Нема обврска за користење на зимски гуми

Бугарија – Користење на зимски гуми на сите тркала е задолжително кога има снег или мраз на патот. Ова не се однесува на возилата со странски регстрации.

Хрватска – Користење на зимски гуми не е задолжително, но е препорачливо.

БиХ – Од 15 ноември до 15 март е задолжително користење зимски гуми, барем на погонските тркала.

Словенија – Задолжително користење зимски гуми во период од 15 ноември до 15 март на сите тркала, за возила полесни од 3,5 тона. Оние со поголема тежина тоа треба да го имаат на погонските тркала.

Грција – Нема обврска

Унгарија – Нема специфично назначено задолжително користење, но може да се браат на одредени патишта под одредни услови и тоа би било означено.

Црна Гора – Задолжително користење на зимска опрема во период од 15 ноември до 15 март

Србија – Користење на зимски гуми е задолжителново период од 1 ноември до 1 април за сите возила со тежина до 3,5 тона во зимски услови.

Во Европа
Во Германија, Словачка и Австрија со закон е предвидено учесниците во сообраќајот да имаат зимски гуми во зимски услови на патиштата.
Во Италија и Унгарија зимската опрема може да се наложи краткорочно со поставување на знаци.
Во Германија и Австрија возачот има законска обврска своето возило да го прилагоди на условите на патот во текот на зимата. Тоа значи дека мора да користи зимски гуми во случај на снег или мраз на патот.
Во Австрија за таа обврска постои со закон определен рок од 1 ноември до 15 април, додека во Германија временски период не е определен, туку зимската опрема се бара за зимски услови на возење.
Во Германија дополнително возачите се должни да имаат антифриз во системот за миење на ветробранското стакло, а ако не ја почитуваат оваа обврска им следува казна од 20 евра.
Според австрискиот закон, патничките возила и камиони до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми ако врне снег или на патот има мраз.
Како алтернатива, законот предвидува синџири на погонските тркала, но само ако патниот правец во целост е прекриен со снег или мраз.
За непочитување на оваа обврска со закон е предвидена казна од 35 евра, а ако поради непоседување на зимска опрема се загрозуваат другите учесници во сообраќајот казната може да изнесува до 5.000 евра.
Ако возачот не користи зимска опрема во зимски услови, а направи штета, осигурувањето не ги презема трошоците и кај каско осигурувањата.

Кога се работи за синџири, во Германија тие се дозволени, но со ограничена брзина од 50 километри на час. Во планинските предели ланците се обавезни ако на патот се поставени знаци кои предупредуваат на тоа.
Гумите со клинци, за разлика од Австрија, не се дозволени во Германија.

Во Данска не постои општа обврска за користење на зимска опрема, а за гуми со клинци определен е период од 1 ноември до 15 април, кога смеат да се користат и тие мора да бидат монтирани на сите четири тркала.

Во Финска постои законска обврска за користење на зимски гуми, која важи и за возила регистрирани во странство, во период од 1 декември до крајот на февруари.

Во Норвешка не постои со закон определена обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака тие да бидат монтирани на сите четири тркала.

Во Шведска пак, од 1 декември до 31 март сите патнички возила до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми, чиј профил не смее да бие под 3 милиметри.
Ако на патиштата нема снег и мраз, со одобрение на полицијата, може да се вози и со летни гуми, но профилот мора да биде најмалку 5 милиметри и тоа правило важи само за возила регистрирани во Шведска.

Во Франција не постои општа обврска за користење на зимска опрема, но зимските гуми можат да се бараат на планинските патишта во случај на голем снег.

Во Италија зимски гуми се пропишуваат за некои делници од патната мрежа и тоа во одредени периоди и во одредени услови на патиштата. Така на пример, во долината Аоста постои обврска за користење на зимски гуми во период од 15 октомври до 15 април.

Во Холандија не постои општа обврска за користење на зимски гуми и забрането е да се користат гуми со клинци, додека и за синџирите е предвидено да можат да се користат само на улици кои во целост се покриени со снег.

Во Швајцарија не постои општа обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака да се користат во случај ако на патот има снег или мраз. Ако возилото, поради некористење на зимска опрема го блокира патот во зимски услови, полицијата може да наплати казна. Исто така и во случај на предизвикување на сообраќајна незгода во зимски услови на возење без соодветна опрема, возачот може да сноси одговорност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK