Opel и Јирген Клоп ја продолжија соработката

ОБЈАВЕНО НА:

Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Јирген Клоп и во иднина ќе биде амбасадор на Opel. Нивната соработка трае од август 2012 година, а во изминатите пет години Клоп кој беше на кормилото на Мајнc 05 и на Борусија Дортмунд во Германија, а сега е во Англија во Ливерпул имаа задоволувачки резултати.

Откако Клоп стана амбасадор на Opel тој се појави во 17 ТВ реклами и покрај другите учества во разни рекламни кампањи, тој истовремено ги користи производите на компанијата од Риселсхајм.

За продолжување на соработката Клоп доби и нов автомобил, комплетно опремена Opel Insignia Grand Sport со управувач од десната страна, и со врвен 2.0 Direct Injection Turbo мотор со 260 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK