(ВИДЕО) Старо Volvo на бензин против ново на дизел

Во Volvo одлучија да ги тестираат своите возила едно против друго за да видат кое може да покаже подобри резултати. Практично се работеше за трка меѓу возила со различен мотор.

На тестот се најдоа Volvo 850 T5 од 1995 година против Volvo V90 D5 од 2017 година. Стариот бензинец против новиот со дизел мотор.

Моделот од пред 22 години има мотор со 226 коњски сили, додека поновиот модел кој го нарекуваат „внукот“ располага со 235 коњски сили, како и турбо дизел мотор од 2 литра. Новиот модел има и тежина од 2 тона додека постариот е со тежина од 1570 килограми.