Нов удар за Германците – и Келн и Бон го забрануваат дизелот

ОБЈАВЕНО НА:

Нов удар за дизелот. Откако Минхен, Берлин, Штутгарт, Хамбург и уште неколку други германски градови ги забранија старите дизел автомобили, истото го направија и Келн и Бон.

Според одлуката на германските сојузни судови, администрацијата на Келн и Бон ќе мораат од центарот на градовите да ги отстранат сите стари дизел возила кои не ги исполнуваат минималните еколошки норми. Оваа одлука на сила стапува од април следната година.

Градот Келн кој се наоѓа на западот од земјата и кој брои 3.5 милиони жители заедно со блиското окружување го забранува пристапот на овие возила од целиот центар. Соседниот град Бон кој брои само 322.125 жители тоа ќе го направи само од двете најфреквентни сообраќајници во градот.

Бидејќи со овие одлуки се погодени многу жители на Германија, а особено штетно влијание има врз домашната автомобилска индустрија, во решавањето на проблемот со дизелот директно вклучена е и германската Влада.

Според усвоениот т.н. Дизел план, сопствениците на автомобили кои не ги исполнуваат минималните еколошки норми имаат можност да ги заменат своите возила и со доплата да добијат ново возило кое ги пресретнува сите барања или да ги вградат неопходните филтри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK