Како последица на Дизелгејт: Audi укинува еден модел од понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите сѐ повеќе се ориентираат кон она што го бараат купувачите, па иако одлуките понекогаш се тешки, мора за некои производи да се реши да престанат да се произведуваат бидејќи не ги задоволуваат очекувањата, ниту пак купувачите ги сакаат. Од друга страна по избивањето на аферата Дизелгејт, компаниите особено од VW групацијата имаат големи трошоци, па секое кратење е добредојдено.

Возилата со три врати веќе не се популарни, а токму поради тоа во иднина нема да може да се нарача Audi A3 со три врати. Но, ќе остане да се произведува верзијата со пет врати. За оваа одлука на Audi пишува британски Autocar повикувајќи се на извори о дкомпанијата.

Но, прекинувањето на моделот со три врати нема да донесе ослабнување на понудата. Audi A3 треба да добие уште едн аизведна со пет врати, овојпат во лифтбек изведба што би ја имала ознаката Sportback. Основниот А3 така би бил наследник на актуелниот А3 Sportback.

Во 2019 година треба да стигне и лимузинска изведба на А3 што ќе биде поголем аи попространа од актуелниот модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK