Размислувајте како крадец – Спречете кражба на автомобилот!

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците на автомобили за секунда можат да си заминат со вашиот миленик на четири тркала и затоа секогаш морате да имате на ум барем пет работи. За успешно да го спречите крадењето на автомобилот, сепак, треба да знаете многу повеќе.

Прво треба да размислите дали живеете во место во кое се крадат голем број на возила, а потоа морате да мислите и на пет важни работи на кои крадецот секогаш размислува и поради кои би го избрал вашиот автомобил.

1.ЗАКЛУЧЕТЕ ГИ ВРАТИТЕ

Ова е нешто што сите го знаат, но никогаш не е лошо да се нагласи уште еднаш. Секогаш проверете дали сте го заклучиле автомобилот бидејќи има сè повеќе крадења на автомобили откако крадецот ќе го види клучот во возилото. Ќе види лесен плен, ќе влезе во автомобилот и си заминува. Според некои податоци во САД во периодот од 2016 до 2018 година украдени се во просек 209 автомобили дневно поради отклучено возило и клуч на видно место во него.

2.ПАРКИРАЈТЕ ПАМЕТНО

Потрудете се автомобилот да го паркирате на добро осветлено место. Таму каде што е попрометно веројатноста автомобилот да ви биде украден е помала бидејќи има поголем број на сведоци кои можат да го видат крадењето и да го спречат или да го идентификуваат крадецот.

3.НОСЕТЕ СИ ГИ РАБОТИТЕ СО СЕБЕ

Секогаш со себе носете го далечинскиот за отворање на гаражата и своите скапоцени работи. Возачката дозвола чувајте ја во паричникот или во чантата. Не оставајте во возилото ништо што би можело да ви предизивка дополнителни проблеми доколку возилото ви биде украдено.

4.НИКОГАШ НЕ ОСТАВАЈТЕ ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ

Ако надвор температурите се ниски, можете да дојдете во искушение да го загреете автомобилот пред наутро да седнете во него така што ќе го запалите и ќе го оставите да работи. Дури и ако се враќате во куќата само на минута посигурно е да го исклучите моторот бидејќи на вешт крадец доволни му се само неколку секунди да влезе во автомобилот и да замине.

5.ШИРОКО ОТВОРЕНИ ОЧИ

Посебно внимание насочете на сите важни работи кога го напуштате автомобилот. Ако сте во брзање и ако вниманието ви одлута можете да заборавите да направите нешто. На пример да заклучите врата и така го загрозите автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK