Нема саем во Детроит – халата ќе биде времена болница

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на саемот на автомобили во Детроит (NAIAS 2020) објавија дека годинешното издание нема да се одржи. Саемот беше планиран за јуни. Поради распространувањето на пандемијата COVID-19 и намерата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби да го претворат TCF Center во привремена теренска болница, саемот нема да се одржи.

„Разочарани сме, но нема ништо поважно за нас од здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните на Детроит и Мичиген, и ќе дадеме се од себе за да и помогнеме на нашата заедница да се бори против епидемијата на коронавирус“, вели Рода Албертс. Извршен директор на NAIAS.

Организаторите на автомобилската манифестација најавуваат дека следното издание на Меѓународната саемска изложба во Детроит ќе се одржи во јуни 2021 година и дека за подоцна се размилсува за добротворната акција за прибирање финансиски средства.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK