Хамилтон победи во Канада, Рикардо пиеше шампањ од патиката (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Трикратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Канада пред клупскиот колега Валтери Ботас, и со новите 25 бодови и четвртото место на Себастијан Фетел, сега разликата во генералниот пласман меѓу Хамилтон и Фетел е 12 бода.

Фетел води во генерален пласман со 141 бод, а Хамилтон е втор со 129 бода.
Ова е трет триумф за Хамилтон во Канада по ред, а вкупно шести. Mercedes првпат сезонава направи „еден-два“триумф“
Радост на трибините донесе Канаѓанецот Ланс Строл кој како дебитант сезонава ги освои првите гран при бодови, и тоа пред домашна публика.

Хаотичниот почеток на трката донесе откажување на Фелипе Маса, а Макс Ферстапен тоа го направи неколку круга подоцна побари проблеми со акумулаторот.
Фетел беше вклучен во инцидентот на почетокот, и поради оштетување на долниот дел од болидот и крилото беше приморан предвреме да влезе во бокс.

Потоа успеа да се врати назад и да ги престигне двата возачи на Force India, Естебан Окон и Серхио Перез, но никако не можеше да им се приближи на водечките од Mercedes. Трет на целта стигна возачот на Red Bull, Даниел Рикардо.

https://www.youtube.com/watch?v=lmzs9n24mm4

Славата на пиедесталот ја „украде“ Рикардо кој го прекина интервјуто со Сер Патрик Стјуард (познатиот капетан Жан Лук Пикард) за да се напие шампањ од неговата патика. А то го направи и Стјуард велејќи: „Ова е нешто што морам и јас да го направам“

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK