Ова е најскапото Bugatti – чини 11 милиони евра (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За уникантното возило неименуван купувач платил 11 милиони евра, со што стана најскапото Bugatti. Компанијата претстави современа интерпретација на бесценетното купе Type 57 SC Atlantic. Изработенат е само еден примерок Voiture Noire (Црнoто возило) и веќе е купен од познат колекционер на француската марка.

Во новото Bugatti лесно се разоткрива Chiron и најмногу екстремната верзија на Divo. На каросеријата има многу оригинални детали – сосема различни светла, преден капак, грбната пенка по целата должина на купето како кај 57 SC Atlantic и вентилациски отвори во капакот на моторот со обликот на задните прозорци на моделот.

Сите детали за La Voiture Noire за изработени рачно. Каросеријата, изработена целосно од јаглеродни влакна. Силен елемент од надворешниот дизајн се шесте издувни цевки.

осумлитарскиот W16 со четири турбокомпресори од Chiron не е доработуван и развива 1.500 КС / 1.600 Нм. Динамичните карактеристики на La Voiture Noire не се соопштуваат, но Divo забрзува од 0 до 100 км/ч. за 2,4 секунди.

Од Bugatti одбиваат да откриваат кој е купувач, но платил 11 милиони евра за уникатниот модел. Пред салона во Женева се зборуваше, а колата е порачана од од Фердинанд Пих и ќе стане најпрофитабилен нов автомобил на пазарот.

Инаку Rolls-Royce Sweptail чини 11,2 милиони евра, а Pagani Zonda HP Barchetta – 15 милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK