Претставен Golf GTI Clubsport – ќе има 300 КС и ќе „дига“ до 267 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од легендарната трка „Nürburgring 24 Hours“, промовиран беше новиот Golf GTI Clubsport пред бројните фанови. Спортската, оптимизирана верзија на класичниот модел се издвојува благодарение на поостриот надворешен дизајн, подобрениот ентериер, импресивните податоци за перформансите и врвната спортска суспензија.

Стандардните LED Plus фарови се обновени. За прв пат, возилото го има и осветленото лого на VW напред. Големиот спојлер на покривот одзади обезбедува максимална надолна сила. Редизајнирани се и лед кластерите за задни светла.

Нови се и 19-инчните алуминиумски тркала Квинстаун. Со нивниот впечатлив дизајн од пет овални полукругови, тие го евоцираат класичното тркало од Детроит, кое беше претставено за голф GTI од петтата генерација.

Моделот има импресивни перформанси. Новиот Golf GTI Clubsport испорачува вртежен момент од 400 Nm и моќност од 221 kW (300 КС), кои се пренесуваат преку електронски контролиран преден диференцијал. DCC адаптивната контрола на шасијата е достапна како опционална опрема.

Golf GTI Clubsport забрзува од место до 100 km/h за 5,6 секунди; максималната брзина на овој најмоќен GTI е електронски ограничена на 250 km/h. Сепак, оваа граница може да се укине со пакетот Race – кој ја зголемува максималната брзина на 267 km/h.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK