Официјално претставен Renault Triber

ОБЈАВЕНО НА:

На специјално организиран настан во Њу Делхи (Индија), Renault India Private Limited го претстави моделот Triber наменет за индискиот пазар. Од пред неколку дена беше објавено дека овој модел ќе се темели на CMF-A (Common Module Family) платформата развиена од страна на Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата, истата која се користи и кај моделот Renault Kwid како и Datsun redi-GO.

Станува збор за најмалиот MPV автомобил воопшто. Тоа го потврдуваат и димензиите. Така должината изнесува 3.990 мм, ширината 1.739 мм, висината 1.643 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.636 мм. Клиреност изнесува 182 мм додека пак тежината само 947 кг.

 

Renault Triber

Централно место во понудата ќе заземе 1.0 литарскиот трицилиндричен бензински мотор со 72 КС и 96 Nm обртни моменти. Во стандардната опрема доаѓаат ABS и EBD системите како и предните воздушни перничиња и задните паркинг сензори.

Renault TriberИако внатрешноста се очекуваше да биде идентична како и кај моделот Kwid (модел кој исто така е достапен само во Индија, а е во производство на Renault), сепак истата е значително изменета. Централно е поставен 7.8 инчниот екран осетлив на допир кој доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto. Впечатокот на прв поглед е дека материјалите користени се многу поквалитетни отколку кај Kwid, а единствено ист е управувачот како и седиштата.

Renault Triber

Овој автомобил ќе биде достапен само во Индија, а ќе го произведува Renault India Private Limited, компанија која е во сопственост на францускиот производител Renault. Во продажба ќе се појави уште ова лето, а цената изнесува 530.000 рупии што е еднакво на 6.800 евро.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK