Градови во кои најмногу време се троши во сообраќајниот метеж

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемата нервоза на возачите е кога ќе заглават во сообраќаен метеж и понекогаш долго време им треба додека да стигнат до посакуваната дестинација. Возењето „тргни-застани“ сите ги нервира, и од друга страна покрај загубата на време, се троши и гориво и се загадува околината.

Колку е поголем градот толку се поголеми и сообраќајните проблеми. Поранешните „шпицови“ наутри и попладне некаде се споени со другиот дел од денот, па постојано сте во сообраќаен метеж.
Пресметките се дека токму сообраќајните метежи годишно ги чинат државите милиони и милијарди евра. Само во САД, метежот ги чини граѓаните 300 милијарди долари – гориво и губење време.

Visualcapitalist го визуелизира индексот за глобален сообраќај, ги рангира градовите во светот со најлош сообраќај. Податоците се за 2016 година, а самиот индекс ги дава просечните часови поминати во застојот, како и процентот на времето поминато во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK