Претставена новата Toyota Glanza

ОБЈАВЕНО НА:

Уште кон крајот на април годинава беше објавена тизер фотографија за новата Toyota Glanza, наменета за пазарот во Индија. Сега, по само нешто повеќе од еден месец доаѓа и официјалната премиера на овој модел.

Станува збор за автомобил кој се темели на Suzuki Baleno, како технолошки така и екстериерно и ентериерно. Единствената разлика е предната маска на ладилникот каде меѓудругото стои и знакот на Toyota.

Автомобилот е со идентични димензии како и Baleno. Тоа значи дека должината изнесува 3.995 мм, ширината 1.745 мм, висината 1.510 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.520 мм. Во понудата доаѓа со 1.2 литарски бензински мотор со 83 КС и 113 Nm, а тука е и 1.2 литарскиот DualJet мотор што се наоѓа и кај моделот Suzuki Baleno. Двата мотори доаѓаат во комбинација со пет степен мануелен, но и автоматски менувач.

Toyota Kirloskar Motor Private Ltd. (TKM) е компанијата која ќе го дистрибуира и продава овој автомобил во Индија, а за производството е задолжена компанијата Suzuki-Maruti која во својата фабрика во Гујарат (Индија) го произведува овој автомобил.