Уште не е крај: Јапонците ќе ги спасуваат моторите со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонските производители на автомобили Toyota, Subaru, Jamaha и Mazda најавија дека ќе соработуваат за понатамошно истражување на алтернативни горива за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Ним ќе им се придружат Yamaha Motor и Kawasaki Heavy Industries.

Производителите на возила го објавија заедничкото соопштение на Супер Таикју трката во Окајама во Јапонија, каде што извршниот директор на Toyota, Акио Тојода вози тркачки автомобил на водород.

Најавата доаѓа откако јапонските производители на возила беа значително отсутни од списокот на производители кои ветија постепено укинување на производството на возила со со мотори на фосилни горива до 2040 година. Плановите се дека во прилог на унапредување на електрификацијата тие ќе се фокусираат да има понудат на клиентите поголем избор, додека ја задржуваат употребата на мотори со внатрешно согорување.

Со цел да се постигне јаглеродна неутралност, компаниите најавија дека ќе се обединат и ќе продолжат со три иницијативи.

Прво, тие ќе учествуваат на трки со користење на јаглеродно неутрални горива, при што Mazda откри дека ќе користат 1,5-литарски Skyactiv-D мотор напојуван со биодизел од следната генерација во класата ST-Q на Super Taikyu Race во Окајама. Во меѓувреме, Toyota и Subaru, исто така, ќе се тркаат во истата серија следната година со синтетичко гориво добиено од биомаса што ќе ги напојува тркачките автомобили базирани на Subaru BRZ и Toyota GR-86.

Вториот елемент на соработката е да се истражи употребата на водородни мотори во возила на две тркала и други возила предводени со Kawasaki и Jamaha. Kawasaki го изгради првиот светски носач на течен водород и во моментов спроведува тестови за транспорт на големо количество на евтин водород во Јапонија. Jamaha заедно со Kawasaki развива технологија на мотори со водород за употреба во возилата на две тркала и рекреативните возила на Jamaha со четири тркала, а Honda и Suzuki ќе им се придружат на двете компании за понатамошен развој на возила со водород со две тркала.

Последниот аспект нагласен во соопштението е континуираната употреба на водородни мотори во мотоспортот. Toyota, Jamaha и Denso работат од 2016 година на развој на водороден мотор за оваа намена и во три трки досега настапија со возило со овој недоволно развиен мотор. Toyota планира да се натпреварува на Супер Таикју трката со претседателот и извршен директор на Toyota, Акио Тојода, кој ќе седне на воланот.

Компаниите, исто така, ги истакнаа своите планови за справување со неколку други предизвици, вклучувајќи транспорт, употреба и производство на алтернативни горива. И покрај тоа што Mazda има за цел да постигне 100 проценти електрификација до 2030 година, тие допрва треба да објават целосно префрлување на електричните возила. Истото важи и за Toyota, која ќе воведе седум целосно електрични членови во нивното семејство bZ, но рече дека електричните возила немаат смисла за некои региони во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK