Volga 2020 Concept се обидува да ја врати славата од времето на студената војна

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се помисли на автомобилите Volga тогаш најчесто пред очи ви се големи возила што во минатото, во времето на студената војна беа користени од страна побогатите членови на партијата во СССР, а „обичниот човек“ морал да се задоволи со Lada.

Сега СССР веќе не постои, а руските олигарси повеќе се сконцентрирани кон возилата од западниот свет. Сепак во Русија има многумина што сакаат да ја вратат славата на познатиот бренд, а последната креација на Александер Шторм е еден обид да се врати духот на стариот автомобил.

На прв поглед, она што се издвојува кај возилото се неговите мускулести линии и ниската покривна линија, и може да се пофали со голем панорамски отвор, како продолжение на предното ветробранско стакло (како на моделот X), LED дневни светла, хромирани делови (вклучувајќи огледала), масивни сопирачки, двобојна надворешна боја и беж кожен ентериер.

Прашање е само дали ова ахипотетичка верзија може да се поистовети со некоја продукцијска на веќе постоечки модел на некој германски производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK