Kia се шири низ Македонија – отворен продажен салон во Струмица

ОБЈАВЕНО НА:

Корејскиот производител на автомобили Kia реши да ја почне офанзивата за „целосно освојување“ на Македонија, и го отвори својот нов – петти продажен салон во земјава. На почетокот само продажен салон, а многу брзо и сервис и место каде ќе има и резерви делови новиот салон во Струмица ги покажува амбициите на Kia – да биде бренд остапен за сите и да понуди максимален квалитет за парите.

На површина од околу 375 м2 салонот ќе бидем место каде сите ќе можат да се запознаат со целокупната програма на корејскиот бренд во Македонија. Но, не само да ги видат моделите што се нуд

ат во ценовник туку и истите да ги испробаат. Од Киа Моторс Македонија најавуваат дека во сите салони ќе имаат тест возила за да може потенцијалниот купувач вистински да се увери во квалитетите на она што се нуди.

„Ова е важен регион за нас.Со новиот салон веруваме ќе придонесеме за подобро претставување на Kia во Македонија и да се потврдат овие 15 години опстојување на нашиот пазар. Рзвивањето на продажно-сервисната мрежа почн апред една година. Планираме уште во два града да отвориме свои салони. Овој салон се наоѓа во рамки на еден поголем простор што е сопственост на компанијата и во иднина тука ќе има и други дејности, вели Владимир Билбилов директорот на Киа Моторс Македонија.

 

Во перспектива компанијата Македонија Моторс планира да отвори и нов салон и во Битола, и тоа е во фаза на договарање со потенцијалниот дилер. Во моментов Kia има свои салони во Скопје, Штип, Неготино и Охрид. Сега се приклучува и Струмица.

„Плановите ни се во иднина повеќе да работиме преку дилерска мрежа и таа да сочинува околу 20 отсо од продажбата за 2019 година. И во иднина таа бројка да се зголемува. Веруваме дека можеме да ги исполниме плановите, а тие се барем 10 отсо да имаме подобра продажба во однос на лани. Тоа би значело продажба на околу 400 возила, вели Владимир Билбилов, директорот на Киа Моторс Македонија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK