Audi почна да прима нарачки за електричниот СУВ E-Tron Quatrro

ОБЈАВЕНО НА:

Ако имате 2.900 евра и желба да го имате првиот електричен СУВ на Audi, тогаш можете да го нарачате бидејќи компанијата ги отвори порачките за E-Tron Quattro. Први ќе го добијат купувачите во Норвешка, а производството почнува во 2018 година во фабриката во Брисел, Белгија.

Скандинавската држава е една од земјите во Европа што е најмногу наклонета кон електричните возила, па затоа ја има честа први да го добијат овој модел. Овој електричен СУВ ќе има погон на сите тркала, а максималната брзина ќе биде 210 км/ч. Ќе биде долг 4,88 метри, широк – 1,93 м. и висок – 1,54 м. Багажникот може да собере 615 литри.

Електричниот СУВ поседува голема батерија од 95 kWh што овозможува со едно полнење да мине 500 км. Засега конечниот изглед на моделот не е покажан, а се знае дека според големината ќе биде меѓу Audi Q5 и Q7. Но, од компанијата тврдат дека конечниот изглед ќе биде многу блиску до концептот.

Во дополнителните детали за концептот се вели дека неговата сила ќе изнесува 435 КС, а со „бустирање“ таа сила се зголемува до 503 КС, и вртежен момент од 800 Нм. како резултат на тоа забрзувањето ќе биде 4,6 секунди од 0 до 100 км/ч.

Најблизок конкурент на пазарот ќе му биде Tesla Model X.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK