РЕДОК ЗНАК: Треба ли да го има и во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се полага за возачка дозвола треба да го минетет теоретскиот дел во кој спаѓа и учење и препознавање на сообраќајните знаци. Но, како минува времето, се менуваат и навиките на учесниците во сообраќајот, па тоа значи и вклучување на нови знаци.

Сигурно ќе се запрашате што значи овој знак? И во кои земји најчесто се гледа. Триаголникот покажува за знак за опасност, а ако го загледате малку подобро, со малку логика веднаш се ќе ви стане јасно.

Луѓето кои зјапаат во паметните телефони и шетаат по улиците (создаден е збор за да ги опише – зомби, од паметен телефон и зомби) може да станат вистинска опасност за себе и за другите.

Овој знак е од Јужна Кореја, но има и табли поставени на други места кои укажуваат на опасностите од користење на паметен телефон во сообраќајот.

Знаци од овој тип има и во Германија. Во Литванија сообраќаен знак дури и им се заканува на пешаците дека ќе се судрат со автобус доколку ја преминат улицата со мобилен телефон во рака.

Сигурно е дека може без проблеми да се најде и н амакедонските улици, со оглед на тоа дека многумина исто така шетаат со телефоните во раце, и не внимаваат кога се во сообраќајот, или на улиците.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK